САД

Бајден ќе ја реформира дипломатијата

05.02.2021 12:42

Суспендирање на одлуката за повлекување на американските трупи од Германија и прекин на помошта за воената офанзива на Саудиска Арабија во Јемен се само дел од последните одлуки на новиот американски претседател Џо Бајден. Демократот најавува поактивно учество на САД во светската дипломатија преку, како што вели, „корекција на надворешната политика“ воведена од неговиот претходник Доналд Трамп.

Суспендирање на одлуката за повлекување на американските трупи од Германија и прекин на помошта за воената офанзива на Саудиска Арабија во Јемен се само дел од последните одлуки на новиот американски претседател Џо Бајден. Демократот најавува поактивно учество на САД во светската дипломатија преку, како што вели, „корекција на надворешната политика“ воведена од неговиот претходник Доналд Трамп.

Инвестирањето во дипломатијата не е нешто што го правиме само затоа што така треба. Инвестираме за да живееме во мир, безбедност и просперитет. Тоа е во наш интерес. Кога ќе ги зацврстиме сојузите, ја зголемуваме моќта и капацитетот да ги елиминираме заканите пред да стигнат на нашите брегови“, изјави претседателот Бајден.

Иако Трамп беше поразен во трката за Белата куќа, демократите во Претставничкиот дом не се откажаа од процесот за негово отповикување. Го обвинуваат за агитирање на толпата приврзаници кои го демолираа Конгресот пред официјализирањето на победата на Бајден. Во нередите на шести јануари имаше и жртви.

Овде сме да го браниме Уставот на САД. Светот виде што предизвика претседателот против нашата влада, нашиот Конгрес, конгресмените, со употреба на сила и насилство. Зошто се мачиме? Прашајте ги предците зошто и натаму се занимаваме со ова. Прашајте ги оние кои го напишаа Уставот, Абрахам Линколн. Не може да продолжиме додека нема правда“, рече Ненси Пелоси, претседателка на Претставничкиот дом.

Адвокатскиот тим на Трамп соопшти дека тој нема да сведочи на судењето во Сенатот. Според неговиот советник Џејсон Милер, процесот кој почнува во вторник, е неуставен. 

Демократите велат дека е потребно итно да биде отстранет Трамп од функција. Факт е дека тој веќе не е на функција, а импичментот служи за отповикување од функција. Со оглед на фактот дека немаме главен судија на Врховниот суд кој го надгледува процесот, туку Пет Лејхи игра улога на поротник и судија во случајов, ова е целосно неуставно. Не постои јурисдикција за да можат демократите да продолжат со ова. Тие водат одмаздничка политика и поради тоа 77% од Американците, Конгресот и Сенатот би се занимавале со ковид-19 и кризата во земјата наместо со овој лов на вештерки“, изјави Џејсон Милер, советник на Доналд Трамп.

За да биде обвинет потребно е двотретинско мнозинство. Во таков случај, постои можност сенаторите да му изгласаат забрана за вршење на јавна функција. Трамп е првиот претседател кој се соочил со два процеса за импичмент.

 

Маја С. Филдишев