Собрание

Јавна расправа за предложените реформи во основното образобвание

05.02.2021 14:38

Во собраниската Комисија за образование се дебатираше за предложените реформи во основното образобвание. Критичарите на новиот концепт со став дека е несериозен и потценувачки за наставничката професија. Премиерот Заев ги охрабри присутните да ги кажат своите сугестии, бидејќи бројни претходно биле прифатени и ќе бидат вградени во концептот...

Членовите на работната група за изработка на новиот концепт во одбрана на нацрт- стратегијата. Професорот Кирил Барбареев посочи дека биле земени многу меѓународни и домашни истражувања. Факт е дека повеќето од нив упатуваат на лош квалитет на образованието и на потребата од промени.

Професорката Бешка Петровска со порака- потребно ни е образование кое ќе им даде смисла на научените содржини, за да можат учениците да ги применуваат своите знаења во практика.

Критичарите на новиот концепт со став несериозен и потценувачки за наставничката професија. Нема осмислено услови и капацитети за нејзино остварување. Обвинија и за наводна селекција на менторите според партиската книшка.

Премиерот Заев ги охрабри присутните да ги кажат своите сугестии, бидејќи бројни претходно биле прифатени и ќе бидат вградени во концептот.

Ресорната министерка Царовска потсети дека сите досега опфатени со дебатите потврдиле дека реформскиот процес не смее да запре.

Од опозицијата побараа поголема вклучленост на оние кои до сега не ги кажале своите ставови.

Власта и опозицијата со очекувања дека преку оваа дебата ќе може да влезат во фаза на усвојување на концепцијата.

 

Фиљана Кока