Опозицијата бара предвремени избори

05.02.2021 15:01

Предвремени парламентарни, заедно со локалните избори, побара лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. За најавите за ново мнозинство во Собранието, СДСМ со одговор – имавте неуспешната интерпелација за Димитров...

Час поскоро да се одржат предвремени парламентарни избори, побара претседателот на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Вели, тие може да се одржат заедно со локалните. Според него, ова владино мнозинство покажало дека земјава е хибриден режим, заглавена во корупција.

Мицкоски не ја отфрли можноста и за создавање ново собраниско мнозинство, но од СДСМ велат дека ваквите најави паднале во вода по неуспешната интерпелација за вицепремиерот за евроинтеграции, Димитров.

Наместо да биде контструктивна и да работи во интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ преку неосновани и пропаднати интерпелации ја опструира работата на Собранието.

Во однос на пописот, за кој ВМРО-ДПМНЕ поведе иницијатива за собирање потписи за нов закон, Мицкоски побара статистичката операција да се спроведе пролетта во 2022-ра година, а дотогаш да се набават терминали за отпечтоци од прст кои ќе бидат искористени и на локалните избори.

СДСМ, пак, смета дека Државниот завод за статистика има капацитет да спроведе успешен попис по 19 години.

Марина Стојанова- Тонева