Во понеделник договор за кинеските вакцини, подготвен националниот план за имунизација
Во понеделник потпис на договорот за набавка на 200 илјади вакцини против Kовид-19 од кинеските прозводители, испорака во најкус можен рок. Подготвен е националниот план за имунизација. Вакцинација во постојните пунктови...

Од следната недела граѓаните на сајт ќе може да се пријават за имунизација од Ковид со киннеската вакцина. Во најкус рок 200.000 вакцини од Кина ќе пристигнат во вакциналните пунктови во Македонија. Во моментот се планира транспортот, обезбедени се ладни соби со температура од 2 до 8 степени, системот е подготвен, информираше министерот за здравство. 100.000 граѓани кои ќе добијат вакцина ќе добијат и документ дека се имунизирани на Ковид.
Здравствени работници и граѓаните над 70 години се во приоритена група за вакцинација.
Имунизацијата ќе се врши на 10 минути, во две смени. Пријавувањето ќе биде електронски и преку матични лекари. Матичните ќе ги контактираат пациентите дали сакаат да се вакцинираат. Преку системот „Мој термин“ ќе се филтрираат сите податоци.
Закажаниот термин може да биде и откажан, тоа не значи дека се губи право на вакцинација следен пат. Според здравствените власти, се чека одговор од Фајзер, за драфт договорот, но и за вакцините од Србија. Се чекаат и вакцини од Ковакс системот.
Наташа Јанчиќ Мековски
