Илјадници демонстранти на улиците на Мјанмар

08.02.2021 10:15

Сѐ погласни се повиците на демонстрантите да се мобилизираат што е можно повеќе граѓани на Мјанмар и да се приклучат на протестите и кампњата на граѓанска непослушност против воениот удар кој предизвика негативни реакции ширум светот.

Полицијата со водени топови ги растера илјадниците демонстранти што протестираа во главниот град на Мјанмар, Нејпидо против воениот удар во кој од власт беше отстранета и притворена премиерката Онг Сан Су Чи.

Сѐ погласни се повиците на демонстрантите да се мобилизираат што е можно повеќе граѓани на Мјанмар и да се приклучат на протестите и кампњата на граѓанска непослушност против воениот удар кој предизвика негативни реакции ширум светот.

Во земјата е забележано зголемено движење на конвои на воени возила и многумина стравуваат дека ќе дојде до посериозни судири помеѓу безбедносните служби и незадоволните граѓани.