Нови 75 случаи со Ковид-19, починати 22 лица
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 94.871, бројката на оздравени пациенти е 85.439, на починати е 2.946, а бројот на активни случаи изнесува 6.486.

Во последните 24 часа се направени 726 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи на Ковид-19 во Скопје – 45, Кавадарци – 11, Прилеп – 8, Струга – 3, Неготино, Тетово и Велес по 2, Куманово и Кочани по 1.
Како што информира Министерството за здравство, регистрирани се 1.440 оздравени пациенти, а пријавени се вкупно 22 починати лица. Починати се 10 пациенти од Скопје (71г,64г,79г,84г,32г,73г,81г,67г и два случаи по 65г), по два смртни случаи се регистрирани од Тетово (68г и 70г) и од Прилеп (66г и 85г) и по еден смртен случај од Радовиш (85г), Кавадарци (63г), Гостивар (82г), Демир Капија (27г), Струмица (65г), Охрид (68г), Струга (71г) и Куманово (65). Деветнаесет пациенти се починати во болнички услови, а еден пациент е починат во домашни услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 94.871, бројката на оздравени пациенти е 85.439, на починати е 2.946, а бројот на активни случаи изнесува 6.486.
Досега во земјата се направени вкупно 471.417 тестирања на Ковид-19.
