Во Тетово засега не е присутен британскиот сој на Ковид-19

11.02.2021 14:48

Тетово сѐ уште е се бори со двоцифрен број заразени од ковид на дневно ниво. Во ковид центарот велат дека се подготвени и амбуланстки и за хоспитализација на пациенти, но се надеваат дека печалбарите кои ќе пристигнат ќе бидат внимателни и нема да ја донесат британската мутација на вирусот...

Од Ковид центарот при Клиничката болница во Тетово велат дека првиот случај го очекуваат во секој момент, ако се земе предвид дека регионот е печалбарски каде има постојан влез и излез на наши граѓани кои се на привремена работа во странство. Се надеваат дека гастарбајтерите ќе бидат повнимателни и ќе ги почитуваат препораките, затоа што новиот вирус многу брзо се шири.

Во меѓувреме, Тетово е сѐ уште меѓу градовите со двоцифрен број на заразени со Ковид- 19 на дневна основа. За разлика од ноември кога беше пикот на болеста намален е бројот на земени брисеви, но половина од нив се позитивни.

Не загрижуваат бројките на позитивните случаи, туку растот на бројот на хоспитализирани. Засега дел од пациентите се хоспитализираат во Ковид центарот и инфективното одделение.

За изминативе десетина дека на тетовското подрачје евидентирани се 200 пациенти со коронавирус.

 

Зоран Димовски