Граѓаните се пријавуваат за вакцинација, матичните ќе им помагаат на возрасните
Повозрасната група граѓани е заинтересирана за вакцинација, но најчесто за термин за пријавување бараат помош од матичните лекари, велат допрва не треба да учат елекронска комуникација...

Веб- страницата за вакцинација останува најпосетувана и денеска. Министерството за здравство уверува дека се надминати сите проблеми. До претпладневните часови се пријавени преку 20.000 граѓани.
Граѓаните, посебно повозрасните сакаат да се вакцинираат. Веќе презеле чекори. Едни побараа веб страница- други, матични лекари.
На возрасните од кои не се очекува допрва да учат електронска комуникација ќе им помогнат матичните. Министерството им ги прати списоците.
На матичните почнаа да им ѕвонат телефоните, пред тие да ги побараат возрасните пациенти. Појаснуваат за да нема забуна - тие само анкетираат, а не даваат термин.
Останува динамиката за дневна вакцинација на 2.500 пациенти во земјава, и на пунктовите во здравствените домови при имунизацијата од сезонскиот грип. Граѓаните се пријавуваат и ги чекаат вакцините.
Елизабета Митреска
