Политика

Годинава конгреси на водечките партии

11.02.2021 15:43

Редовен конгрес на ВМРО- ДПМНЕ ќе има во ноември, реши врвот на партијата. Лидерот Мицкоски вели тогаш ќе се дискутира за идните чекори на новото раковоство. Од СДСМ, пак, со став – партиски лидер ќе се бира на најдемократски избори, а Заев останува фаворит.

За позицијата на лидерот во ВМРО- ДПМНЕ ќе се изјаснуваат пред крајот на годината кога на конгресот ќе може да се кандидираат и други кандидати за челната позиција. Мицкоски коментира дека партијата на највисокиот форум ќе може да дискутира за идните чекори на идното раководство, нагласувајќи дека ја ужива поддршката и од поранешните фунционери на оваа партија.

Додека во јавноста и за социјал- демократите излегуваат информации дека дел од нив се незадоволни од работата на лидерот Заев, од врвот на партијата коментираат дека СДСМ ќе спроведе најдемократски избори за партиски лидер, но дека Заев е фаворит на непосредните избори на 21-ви март.

За најавениот конгрес на иницијативниот одбор за смена на Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ велат дека конгрес не може од нив да биде одржан бидејќи ќе биде невалиден и дека иницијаторите можат да го спојат со конгресот на СДСМ.

 

Миле Ристески