Струга затрупана со отпад, диви депонии на повеќе локации
Струга затрупана со отпад. Диви депонии на повеќе локации во близина на Охридското езеро и покрај патот кој ги поврзува двата туристички центри. Познатата ументица од Малта, Лида Шерафатманд, воведе награда од 100 евра за да ги мотивира стружани сами да го чистат градот од депонии...

Струга опколена со диви депонии. На излезот од градот, на стотина метри од Охридското Езеро, се забележуваат планини отпад. Стар мебел, гуми, пластика, градежен шут натрупани покрај патот кој ги поврзува двата туристички центри.
Еколошката свест на граѓаните е под секое ниво, вели познатата уметница од Малта, која веќе две години живее и твори во градот на мостовите.
„Многу сакам да одам на прошетка покрај брегот на езерото и забележав дека насекаде премногу е расфрлан отпад. Зошто луѓето фрлаат толку ѓубре и немаат никаква одговорност кон природата“ , вели Лида Шерафатманд.
За да ги мотивира стружани да се грижат за јавната хигиена Шерафатманд воведе награда од 100 евра, секој месец за оние кои ќе ги чистат јавните површини.
„Наградата е само да се охрабрат граѓаните да го чуваат градот чист, бидејќи е преубав град и исто така да чуствуваат колективна одговорност за јавната хигиена во градот“, вели Шарафатманд.
Од струшкото јавно претпријатие велат, постојано чистат диви депонии на разни локации низ градот и околината, но откако ќе ги исчистат несовесните граѓани повторно трупаат отпад.
Соња Рилковска
