Младите од југоистокот не сакаат да работат земјоделство
Земјоделството како аграрна култура е последна алтернатива, или воопшто не е на листата за преориентација откако рапидно порасна невработеноста во југоистокот. Сведоштвата од месното население се дека ниту еден млад човек не сака да работи по нивите …

Земјоделството како аграрна култура е последна алтернатива или воопшто не е на листата за преориентација, откако рапидно порасна невработеноста во југоистокот. Ковид-19 и онака ги отежна откупот и пласманот на земјоделските производи, а младите се повеќе од свесни за аграрната состојба, децидни земјоделските експерти.
Прошетавме во едно од струмичките села во која основната дејност е земјоделството. Повозрасните велат дека дури и да останат младите без работа, никогаш нема да посегнат по предизвикот да се вратат на нивите.
Ниту субвенционирањето на речиси сите земјоделски култури не може да ги натера младите да почнат активно да се занимаваат со земјоделство.
Струмичкиот регион е најголем земјоделски производител во Македонија. Струмица има околу 8.130 хектари под различни категории на земјиште, кои очигледно остануваат да сведочат за времето кога основната дејност беше земјоделството.
Стојне Митева
