Над дваесет мртви во снежна бура во САД

17.02.2021 10:09

Невремето остави милиони Американци без електрична енергија. Во делови е запрена и имунизацијата против Ковид-19...

Дваесетина лица загинаа во снежната бура во неколку делови на САД. Најкритично е во Тексас, Мисури, Луизијана и Кентаки.

Невремето остави милиони Американци без електрична енергија. Во делови е запрена и имунизацијата против Ковид-19 откако беа затворени неколку центри поради блокада на доставата на вакцините.

Администрацијата во Вашингтон понуди помош за погодените региони.