Изречени пресудите за случајот „Монструм“

23.02.2021 14:35

Три доживотни казни затвор, Алил Демири и браќата Исмаиловиќ осудени за тероризам, прогласени за виновни за пекратното убиство кај Смилковското Езеро пред девет години. За помагање во извршување на кривичното дело 15 години заработи Фејзи Азири, девет години Хаки Азири. Отфрлено е обвиненеито против Сами Љута. Обвинителката Фетаи побара притвор за сите осудени...

Судијата ја прочита првостепената пресудата за петкратното убиство на четирите момчиња и 45- годишниот рибар на 12 април 2012 година. Тројца од обвинетите повторно добија доживотни затворски казни- избеганите на Косово, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, како и Агим Исмаиловиќ кој е тука, во притвор. Хаки Азири за превоз на тројцата по убиството, за помагање во тероризам, осуден е на вкупна казна од 9 години затвор. За организирање на бегството на Алил и Африм на Косово, Фејзи Азири е осуден на вкупна казна од 15 години. Сами Љута се ослободува. Обвинителството е задоволно од изречените казни.

На барање на Фетаи за изрекување мерка притвор кон обвинетите, бурно реагираа нивните адвокати. Обинетиот Азири јавно ги повика обвинителите Русковска и Јовевски да го посетат во затвор за да им ги даде докази за, како што рече организаторите, нарачателите и извршителите на убиствата со име и презиме.

Пресудата за убиството на Цветанчо Ацевски, Кире Тричковски, Александар Наќевски и Филип Славковски, на возраст од 18- 20 години, како и на рибарот Борче Стевковски на Смилковско на 12 април 2012 судот ја изрекува по три години повторно судење.

 

Фиљана Кока