Мицкоски: Дозволија Мијалков да им избега пред очи затоа што така се договорија

23.02.2021 14:44

Правда во Македонија нема, имаме работа со мафија, обвинува ВМРО- ДПМНЕ. Лидерот Мицкоски вели постои коалиција на криминалот, Заев и Мијалков, се договорија да избега. Од СДСМ порачаа да ги свика на одговорност обвинетите, сегашни и поранешни фунционери од неговата партија. Реагираат и другите политички партии...

Ја погребаа правната држава и дозволија да им избега пред очи затоа што така се договорија, став на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по бегството на екс- сопратиецот, Сашо Мијалков. Тој вели дека Македонија станала земја за потсмев и најави дека пред Парламентот ќе биде поставено прашањето за доверба на владата, како чекор кон предвремени парламентарни избори.

Од СДСМ пак велат – Мицкоски да ги повика на одговорност сите обвинети, поранешни и сегашни функционери од ВМРО- ДПМНЕ. Цели три години Мицкоски е на браникот на криминалот, работи против правдата и против судска разрешница на предметите на СЈО во кои се Груевски и Мијалков, ама и Милошоски и Камчев и многу други, се вели во партиското соопштение.

По бегството на Мијалков, реагираа и останатите политички партии.

Бегството на поранешниот директор на УБК, Мијалков освен партиските реакции, отвори и прашања за одговорност и евентуален пропуст на надлежните институции.

 

Марија Котовска