509 нови случаи со Ковид-19, починати девет лица

23.02.2021 16:13

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 99.917, бројката на оздравени пациенти е 90.096, на починати е 3.085, а бројот на активни случаи изнесува 6.736.

Во последните 24 часа се направени 2.813 тестирања, а регистрирани се 509 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 285, Прилеп – 37, Кавадарци – 29, Охрид – 24, Велес – 16, Тетово – 11, Битола и Крива Паланка  – по 10, Струга и Гевгелија – по 9, Куманово и Неготино – по 8, Кочани и Крушево – по 7, Гостивар и Штип – по 6, Ресен, Делчево и Берово – по 4, Пробиштип, Кратово и Богданци – по 3, Свети Николе и Валандово – по 2, Струмица и Радовиш - по 1.

Како што соопштија од ресорот здравство, регистрирани се 354 оздравени пациенти, а пријавени се вкупно 9 починати лица. Починати се 4 пациенти од Скопје  (71г, 66г, 63г, 55г) и по еден пациент од Охрид  (67г), Куманово (68г), Кочани (85г), Делчево (61г), Демир Хисар  (84г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 99.917, бројката на оздравени пациенти е 90.096, на починати е 3.085, а бројот на активни случаи изнесува 6.736.

Досега во земјата се направени вкупно 506.378 тестирања на Ковид-19.