Привршуваат подготовките за меѓународната воена вежба „Одлучен удар 21“
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и амбасадорката на САД во земјава, Кејт Брнс, присуствуваа на брифингот за текот на активностите. Министерката Шекеринска истакна дека оваа вежба е уште една потврда за огромното значење како дел од најголемиот воен сојуз.

Привршуваат подготовките за реализација на големата меѓународна воена вежба на армискиот полигон Криволак- „Одлучен удар 21“. На вежбата заедно со Македонската армија ќе учествуваат вкупно 2.000 припадници на армиите од САД, Бугарија и Грција.
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и амбасадорката на САД во земјава, Кејт Брнс, присуствуваа на брифингот за текот на активностите. Министерката Шекеринска истакна дека оваа вежба е уште една потврда за огромното значење како дел од најголемиот воен сојуз.
Амбасадроката Брнс потврди дека Американската армија во голема мера ќе учествува во активностите за унапредување на полигонот Криволак
На 15-ти март ќе пристигнат припадници на американската војска кои со инжеинерски активности ќе овозможат беспрекорно функционирање на вежбовните активности.
Меѓународната вежба „Одлучен удар 21“ ќе се одржи од 17-ти мај до 02-ри јуни.
Марина Стојанова- Тонева
