Оризопроизводителите од кочанско на протест

23.02.2021 15:32

Незадоволни од откупната цена на оризот и неисплатените субвенции за минатата година, оризопроизводителите од кочанско почнаа со блокада на регионалниот пат Кочани- Штип.

Незадоволни од откупната цена на оризот и неисплатените субвенции за минатата година, оризопроизводителите од кочанско почнаа со блокада на регионалниот пат Кочани- Штип. Доколку до крајот на месецот не ги добијат субвенциите, најавија целосна блокада на патот еднаш неделно.

Со откупна цена на оризовата арпа од 15 до 20 денари, не можеме да ги покриеме трошоците, што ќе резултитра со намалување на површините под ориз годинава, велат оризопроизводителите.

Оризарите од кочанско денес имаа поддршка од тутунопозводителите од прилепско.

Земјоделците бараат загарантирана најниска откупна цена на оризот, дополнителни 5 денари за килограм откупена арпа, навремен план за наводнување, и чисти канали, како предуслов за навремен старт на сеидбата, која годинава се планира на околу три илјади хектари.

Славица Величковска