Мијалков се појави пред Јавното обвинителство
23.02.2021 17:27
Поранешниот директор на УБК обвинет во случајот „Таргет- Тврдина“ тврди дека не избегал, туку дека во текот на вчерашниот ден бил во изолација поради здравствени причини...

Екс- директорот УБК, Сашо Мијалков, кој од неделата беше недостапен за органите на прогонот, попладнево се појави пред Јавното обвинителство. Изјави дека дошол да го подигне решението за куќен притвор што му го одреди Кривичниот суд. Тврди дека не избегал, туку дека во текот на вчерашниот ден бил во изолација поради здравствени причини. Тој им се извини за непријатностите што ги предизвикал.
Претходно, министерот за внатрешни работи Спасовски на прес-конференција изјави дека според сите досегашни проценки и анализи Мијалков е сѐ уште во државата.
