Мијалков спроведен во куќен притвор

23.02.2021 21:01

Пресврт во случајот Сашо Мијалков. По два дена потрага и распишана потерница, поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање се појави во Обвинителството да земе решение за куќен притвор. Тој рече дека не бил во бегство, туку во изолација, со покачена температура и симптоми на Ковид-19. Тој е однесен во куќен притвор. Обвинителката Рускоска рече дека ќе размисли дали ќе му биде заменет со затворски притвор, иако вели, се радува зошто Мијалков сам се пријавил...

Поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков спроведен во куќен притвор. Тој по два дена потрага и распишана потерница неочекувано се појави во обвинителството да го земе решението за куќен притвор. Во изјава за Tелевизија 24 рече дека имал висока телесна температура и бил во самоизолација, и дури сега дознал оти по него трагаат институциите. Им се извини на граѓаните, на премиерот, владата и на сите други институции за непријатностите што биле предизвикани.

Обвинителката Вилма Рускоска вели дека апсолутно не верува во приказната на поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков дека бил болен со температура над 40 степени, иако додаде таа не се видела со него и не можела да оцени дали Mијалков делувал болен или не. Претходно, обвинителите ја повлекоа жалбата наместо куќен, тој да добие затворски притвор, одлука која Rусковска најави дека ќе ја преиспитаат.

Предходно, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски излезе на прес-конференција на која детално ги презентираше активностите на полицијата спроведени изминативе денови за пронаоѓање на Mијалков, за кого рече дека имаат сознанија дека се наоѓа во земјава.

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков во петок треба да ја слушне пресудата за предметот „Таргет- Тврдина“ за нелегално преслушување. Инаку изминативе два дена по него беше распишана меѓународна потерница и јавноста мислеше дека е во бегство.

 

Ана Јосифоска- Тодоровска