Филипче на граничниот премин Табановце ќе ја прими втората пратка вакцини од Србија

24.02.2021 09:44

Преговорите за донација од 8.000 вакцини од Србија почнаа во средината на јануари. Со вакцините на „Фајзер“ кај нас почна процесот на имунизација, првично со вакцинирање на здравствените работници...

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска, на граничниот премин Табановце ќе ја пречека делегацијата предводена од неговиот српски колега Златибор Лончар, кој ќе ја предаде втората пратка од осумте илјади вакцини од компанијата „Фајзер“.

Првата пратка од Србија пристигна на 14-ти февруари, а на примопредавањето на донацијата од 4.680 вакцини присуствуваа премиерот Зоран Заев и српскиот претседателот Александар Вучиќ.

Преговорите за донација од 8.000 вакцини од Србија почнаа во средината на јануари. Со вакцините на „Фајзер“ кај нас почна процесот на имунизација, првично со вакцинирање на здравствените работници.

Следни за вакцинација се ризичните групи граѓани над 70 години. До крајот на неделата се очекува да пристигнат и 200.000 дози од кинеската „Синофарм“- велат здравствените власти.