Арсовски: Владата нема да толерира ситауции што ја уриваат довербата на системот

24.02.2021 12:13

Институциите ги презедоа сите потребни мерки во врска со бегството на Сашо Мијалков. Се потврди дека нема да се толерираат ситуации што ја уриваат довербата во системот, изјави владиниот портпарол Душко Арсовски...

Институциите ги презедоа сите потребни мерки во врска со бегството на Сашо Мијалков. Се потврди дека нема да се толерираат ситуации што ја уриваат довербата во системот, изјави владиниот портпарол Душко Арсовски. Според него, Мијалков е во куќен притвор и засега нема нови информации за случајот.

„Институциите ги превзедоа сите редовни и вонредни мерки за бегството на Сашо Мијалков. Тој се пријави во обвинителството и обезбеден е неговиот домашен притвор. Координацијата на сите институции со сите активности што се презедоа во изминатите два дена дадоа резултат. Владата потврди дека нема да толерира ситуации коишто ја уриваат довербата во системот. Правдата е обезбедена. Тоа е најважно и премиерот Зоран Заев синоќа ги објасни деталите од овој случај“, рече Арсовски на денешната прес- конференција.

Тој не одговори на прашањето дали Владата има информации каде бил Мијалков, туку само додаде дека во моментот кога ќе имаат нови информации ќе ги објават.