Царовска: Секој учебник за кој има пријава дека има дискриминаторска содржина ќе биде повлечен
Секој учебник за кој има пријава дека има дискриминаторска содржина, ќе биде повлечен, изјави министерката Царовска. Формирана е комисија за спорниот учебник по географија за гимназиско образование за втора година, и ќе се видат резултатите кои ќе бидат посочени...

Секој учебник за кој има пријава дека има дискриминаторска содржина, ќе биде повлечен, изјави министерката Царовска. Формирана е комисија за спорниот учебник по географија за гимназиско образование за втора година, и ќе се видат резултатите кои ќе бидат посочени. Наскоро ќе бидат објавени и повици за подготовка на наставните програми за прво и четврто одделение согласно со Концепцијата за основно образование. Царовска ги повика експертите да аплицираат на огласите.
Под слоганот „Учи паметно, работи стручно“, започнува процес на консултации со компаниите, стопанските комори и општините за потребата од отворање на нови профили и паралелки во средните стручни училишта од идната учебна година. Овој процес Министерството за образование и наука го реализира со поддршка од Амбасадата на Швајцарија.
Анализата вели дека од 450 компании, 85 проценти се подготвени да соработуваат со средните стручни училишта и да примаат ученици во стручната настава.
Александра Спировска
