На СОС линијата на „Меѓаши“ двојно повеќе јавувања од претходната година

24.02.2021 14:44

Минатата година најмногу дојави имало за прекршување на правото на детето за видување на едниот родител при бракоразводни постапки и непочитување на решенијата на центрите за социјална работа, меѓуврсничко насилство, физичко, ментално и сексуалано насилство...

Меѓуврснички кавги, љубовни проблеми и по некој случај на семејно насилство. Ова се проблемите со кои се соочувале децата пред три децении и барале совет на СОС линијата на Првата детска амбасада Меѓаши. Како минува времето, проблемите посериозни. Минатата година најмногу дојави имало за прекршување на правото на детето за видување на едниот родител при бракоразводни постапки и непочитување на решенијата на центрите за социјална работа, меѓуврсничко насилство, физичко, ментално и сексуалано насилство. Претседателот на Меѓаши вели, корона пандемијата ги продлабочи проблемите кај разведените парови.

Но, освен деца, не е мал бројот и на возрасни кои пријавуваат насилство во поширокото семејство или во соседството.

Лани над 300 деца и млади се јавиле на СОС линијата. Една третина се машки, исто толку се женски, додека за другите деца не е познат полот. 90 проценти од оние што се јавиле се од градски средини, а преостанатите се од село.

 

Наташа Јанчиќ Менковски