Пристигна втората пратка вакцини од Србија
Министерот за здравство Венко Филипче на граничниот премин „Табановце“ ја прими втората пратка од 3.510 дози вакцини на „Фајзер“, донација од Србија. Српскиот министер Лончар истакна дека го исполнуваат она што го ветиле и го договорилие Вучиќ и Заев...

Пристигна втората пратка од 3.510 дози вакцини на „Фајзер“, донација од Србија. Српскиот министер Лончар истакна дека го исполнуваат она што го ветиле и го договорилие Вучиќ и Заев.
„Донесовме 3.510 дози вакцини за граѓаните на Северна Македонија, што вкупно е 8.190 дози. Исклучително ми е драго што бевме во можност да им помогнеме на нашите соседи и пријатели. Министерот ме информира дека вакцинацијата почнала, дека луѓето се вакцинираат. Тоа е она што и ние го сакаме, и вие да бидете безбедни , вашите граѓани што помалку да се разболуваат. Кога вие имате подобра ситуација, ќе имаме и сите ние во регионот. Тоа е нашата цел, ќе гледаме и понатаму да продолжиме да помагаме“, изјави министерот за здравство на Србија, Лончар.
Ова количество вакцини ќе биде доволно да се вакцинираат сите здравствени работници во нашата земја, кои се во приоритетната група за имунизација, изјави министерот Филипче.
