ВМРО-ДПМНЕ се сомнева дека власта му помагала на Мијалков да избега

24.02.2021 15:14

Институциите направија сѐ обвинетиот Мијалков да им се предаде на правосудните органи, велат од Владата. Засега нема нови информации за тоа каде бил поранешниот шеф на тајната полиција. ВМРО-ДПМНЕ се сомнева дека власта му помагала на Мијалков да избега...

Институциите ги презедоа сите потребни мерки во врска со бегството на Сашо Мијалков. Се потврди дека нема да се толерираат никакви ситуации што ја уриваат довербата во системот, изјави владиниот портпарол Душко Арсовски. Откако првообвинетиот во „Таргет-Тврдина“ се пријави во обвинителството, сега е во куќен притвор и засега нема нови информации за случајот „Бегство“, вели владиниот гласноговорник.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак се сомневаат дека власта му помагала на Мијалков да избега. Како што велат, доказ за тоа е што Мијалков не е во затворски притвор, туку  е во куќен.

Од коалицијата Алијанса за Албанците- Алтернатива во Собранието поднесоа интерпелација за министерот за внатрешни Спасовски. Од опозициската коалиција најавија дека ќе го поддржат и предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за гласање доверба на владата.

 

Ирина Гелевска