Посебен обвинител ќе испитува дали и кој потфрлил во случајот со Мијалков
За домашниот притвор на Сашо Мијалков, судот одлучуваше во најбрз можен рок – тврди претседателот на Кривичен, Иван Џолев. Вели- од издавањето на судското решение поминаа само 3 ипол часа, постапувавме итно, иако рокот согласно законските одредби е 24 часа. Министерот за правда Маричиќ најави посебен обвнител- ќе се испита, дали и кој потрфрлил во случајот Мијалков...

Во случајот со Мијалков, Кривичниот суд постапил ажурно и навремено по побараниот притвор од страна на Обвинителството, тврди претседателот на овој суд, Џолев. Тој образложи дека предлогот за притвор во Кривичен пристигнал во 15 часот, а одлуката била издадена во 18:30 часот. Тоа се три часа, а според законот, судот можел да постапува и за 24 часа, вели Џолев.
Министерот за правда посочи дека е силно засегнат од овие случувања. Маричиќ вели дека е задоволен и горд поради позитивниот исход. Особено го радува, вели што одговорноста за пропустите ќе ја утврдува посебен обвинител.
Маричиќ е со став дека системот и институциите секогаш се тестирани на конкретни случаи. Токму на вакви случаи државата треба да се издигне за да се покаже како треба и како може да функционира, додаде Маричиќ.
Фиљана Кока
