Жители од Старо Коњарево против плановите над селото да се отвори шумски пат за сеча
Жители од подбеласичкото Старо Коњарево против плановите над селото да се отвори шумски пат за сеча. Од шумското стопанство, пак, одговараат- инспекторатот ќе го има последниот збор...

Втора битка на Беласица. Вака активистите од „Здрава Котлина“ и месното населени од подбеласичките села го нарекуваат револтот кој се создаде по одлуката на ШС Беласица да пробие пат за сеча. Вчера не дозволиле механизацијата да работи на патот, оти се плашат дека истиот ќе донесе само проблеми, свлечишта, ерозија и поплави.
Од „Здрава Котлина“ велат дека законите одредби се децидни, без локалното население нема одлуки. Ќе стојат рамо до рамо со жителите од Старо Коњарево и ќе ги бранат интересите со цел да не се уништува природата, но и да се зачува безбедноста.
Елаборатите кои биле изготвени од надлежните служби покажувале дека безбедноста на месното население нема да биде доведено во опасност, но нема да се создаде ниту дизбаланс во биодеверизитетот.
Стојне Митева
