Мицкоски: За случајот со Мијалков ќе нема одговорност затоа што имаат договор

25.02.2021 16:38

„За случајот со Мијалков ќе нема одговорност затоа што имаат договор“, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи интерпелацијата на Алијанса и Алтернатива за министерот Спасовски. Според СДСМ, јавноста е сведок на спроведената правда...

ВМРО- ДПМНЕ ќе ја поддржи интерпелацијата за министерот за внатрешни работи што ќе ја поднесат Алијанса и Алтернатива. Лидерот на опозициската партија, Христијан Мицкоски смета дека Спасовски е најголемиот заштитник на крими коалицијата и најнеуспешниоот министер за внатрешни работи, за кого најави и нови афери околу матичните броеви и државјанствата.

Од СДСМ велат- пропаѓаат обидите на Мицкоски да ја спречи правадата, а случајот со Мијалков е негов дебакл.

Од владеачката партија тврдат – денес имаме силна правна држава, држава во која редот, правдата и дисциплината на сите нивоа се приоритет.

 

Марија Котовска