Се очекува пресуда за предметот за нелегалното прислушување „Таргет- Тврдина“
Во скопскиот Kривичен суд треба да биде изречена пресудата за нелегално прислушување од 2008-ма до 2015-та година. Во случајот „Таргет-Тврдина“ обвинети се 12-мина. Првообвинет е екс- шефот на тајната полиција Сашо Мијалков, кој два дена беше во бегство...

Во скопскиот Kривичен суд треба да биде изречена пресудата за нелегално прислушување од 2008-ма до 2015-та година. Во случајот „Таргет-Тврдина“ обвинети се 12-мина.
Првообвинет е екс- шефот на тајната полиција Сашо Мијалков. Тој два дена беше во бегство, а потоа сам се јави во Обвинителството. Дел од обвинетите се и поранешните вработени во УБК, Горан Грујевски и Никола Бошкоски, кои избегаа во Грција.
Обвинителката Ленче Ристоска нив, заедно со поранешната началничка во МВР, Надица Николиќ, ги посочи како создавачи на групата за прислушување и за нив побара максимални затворски казни.
Одбрана, пак, побара ослободителна пресуда. Екс- министерката за внатрешни Јанкулоска се гони само за злоупотреба на службената положба и овластување во делот на уништувањето на еден од системите за прислушување во УБК, додека за незаконското прислушување таа бараше да биде заведена како оштетена.
