Седумнаесет години од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски
Во алејата на великаните на градските гробишта во Бутел, цвеќе на гробот на Трајковски ќе положат претседателот Пендаровски и членови од семејството на Трајковски. Почит ќе биде оддадена и на местото на трагедијата.

Денеска се одбележуваат 17 години од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски, кој загина во авионска несреќа кај Ротимље во близина на Мостар. Во трагедијата што се случи на 26 февруари 2004-та година, загина и 6-члената делегација и двајцата пилоти.
Во алејата на великаните на градските гробишта во Бутел, цвеќе на гробот на Трајковски ќе положат претседателот Пендаровски и членови од семејството на Трајковски. Почит ќе биде оддадена и на местото на трагедијата.
За причините за падот на „Кингерот“, беа изврешени две истраги и објавени два извештаја, на две комисии со кои раководеа Салко Бегиќ и Омер Кулиќ, а во кои учествуваа и наши експерти. И во двата извештаја, кои иако се разликуваат, како причина се наведуваат пилотска грешка и други индиректни системски пропусти.
