Мешовитата историска комисија денеска продолжува со 12-от состанок
Историчарите повторно во обид да ги усогласат позициите на двете страни за учебникот по историја за седмо одделение и за ликот и делото на Гоце Делчев.

Мешовитата Македонско- бугарска комисија за историски прашања и денеска продолжува со онлајн состанокот. Иако нема никакви официјални информации за вчерашните разговори, според најавите се усогласуваат записниците од предходните две средби кои останаа непотпишани пред се поради спорењето на бугарската страна на употребата на терминот „македонски“ во нив.
Историчарите повторно во обид да ги усогласат позициите на двете страни за учебникот по историја за седмо одделение и за ликот и делото на Гоце Делчев.
Мешовитата комисија за историја со Бугарија работи, но не постигнува некаков напредок, смета шефицата на бугарската дипломатија Захариева. Нема исчекор ниту во дијалогот Скопје-Софија. Акцискиот план не е усогласен, ниту пак има датум за билатералната меѓувладина конференција.
