Протест против одлуката на Кривичниот суд за случајот „Монструм“
26.02.2021 14:47
Демонстрантите се собраа во Чаир и го продолжија патот кон судот, но беа сопрени од кордонот полиција.

Под мотото „Правда и Слобода“, во Скопје протест против одлуката на Кривичниот суд за случајот „Монструм“. Демонстрантите се собраа во Чаир и го продолжија патот кон судот, но беа сопрени од кордонот полиција.
Роднините на првостепено осудените, велат дека тие се невини и се осудени без докази. За петкратното убиство кај Смилковско езеро, на доживотен затвор за тероризам беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири на 9, а Фејзи Азири на 15 години за помагање. Сами Љута доби ослободителна пресуда.
