Партиски реакции за пресудата за „Таргет- Тврдина“
26.02.2021 16:21
„Времето на неказнивост и на привилегии на криминалните актери го оставаме во историјата“, напиша премиерот Заев на социјалните мрежи по изрекувањето на пресудите во предметот за незаконското прислушување „Таргет-Тврдина“...
„Нема повеќе недопирливи, ниту поединци над законот“ - велат од СДСМ. Според владејачката партија, има силна и ефикасна правна држава која ги спроведува законите и испорачува правда.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат, добор е што има правда, но според опозициската партија, лошо е тоа што во затвор заглавиле и луѓе кои биле колатерална штета. Според нив, правдата за Мијалков била донесена под притисок на јавноста.
Опозицијата со став дека времето ќе покаже какви договори имало меѓу Заев и Мијалков.
Наташа Гркова- Петрушевска
