Потпишан договор за руската вакцина, „Фајзер“ и „Синофарм“ ќе доцнат неколку дена

26.02.2021 16:42

Потпишан договор за руската вакцина. Сто илјади дози од „Спутник“ треба да стигнат во земјава. Американски „Фајзер“ и кинески „Синофарм“ ќе доцнат неколку дена – објави министерот за здравство Филипче...

Сто илјади дози од „Спутник“ треба да стигнат во земјава. Потпишан договор за руската вакцина - објави министерот за здравство Филипче. Американски „Фајзер“ и кинески „Синофарм“ ќе доцнат неколку дена. Toj изјави и дека во тренд е зголемување на бројот на заразени. Според анализата, околу 70 проценти од новодијагностицираните се од британскиот вид на коронавирусот.

Една година откако беше дијагностициран првиот пациент заболен од Ковид-19, Филипче вели здравствените работници добро се справуваат со пандемијата. Го постигнале она што бил приоритет вели, а тоа е ниту еден пациент да не остане без здравствена услуга.

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека во наредниот период ќе се анализира ситуацијата и не ја исклучува можноста од воведување на рестриктивни мерки. Засега е неизвесно дали тие би се вовеле на територијата на цела држава, или пак само во градовите каде што беше забележан пораст на пациенти заболени од Ковид-19, како Кавадарци и Охрид.

Системот за пријавување за вакцинација преку матичните лекари останува. Досега се вакцинирани 2.000 здравствени работници.

 

Александра Спировска