МВР: Претреси во тетовско, пронајдена дрога и оружје
03.03.2021 10:45
При претресот кај Д.Ј. биле пронајдени и одземени неколку кеси со марихуана, ловечка пушка калибар 12мм, воздушна пушка и повеќе од 40 куршуми различен калибар. Додека, кај Т.Ј. биле пронајдени и одземени четири куршуми.

Вчера во с.Брвеница, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во дом и помошни простории на Д.Ј. и кај Т.Ј.
При претресот кај Д.Ј. биле пронајдени и одземени неколку кеси со марихуана, ловечка пушка калибар 12мм, воздушна пушка и повеќе од 40 куршуми различен калибар. Додека, кај Т.Ј. биле пронајдени и одземени четири куршуми.
Тие биле лишени од слобода и приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
