Силен земјотрес во Грција, почувствуван во земјава

03.03.2021 11:41

Според информациите на ЕМСЦ, земјотресот е регистриран во 11 часот и 16 минути со епицентар 24 километри северозападно од Лариса...

Земјотрес со јачина од 6,3 степени по Рихтер со епицентар во близина на Лариса, Грција, почувствуван во земјава.

Според информациите на Европскиот сеизмолошки центар, земјотресот е регистриран во 11 часот и 16 минути со епицентар 24 километри северозападно од Лариса, на длабочина од осум километри.