Прилеп

Британскиот сој и непочитувањето на мерките ги зголеми бројките на заразени со Ковид-19

03.03.2021 15:55

Големите бројки на новозаразени во Прилеп се должат на британскиот сој и непочитувањето на мерките. За граѓаните битни се препораките и повеќе тестирања, ама во јавните институции. Оттаму велат - има доволно тестови кои за жал, повеќе од половината се позитивни...

Британскиот сој на вирусот кој брзо се шири и непочитувањето на мерките се главните виновници Прилеп да биде во врвот градови со најмногу заболени. Само минатата недела се 315 нови случаи или, февруари донесе четирипати повеќе заболени од јануари.

Граѓаните се придружуваат на ставот на Светската здравствена организација - повеќе тестирања, и тоа преку јавните, а не приватните здравствени институции.

Тестови има доволно, и ПЦР и брзи, и се тестираат сите, според протоколите. За жал, процентот на позитивни е висок, дури 50, а кај брзите тестови и 56 насто, што загрижува.

Болницата засега се справува со напливот пациенти и со медицинскиот персонал.

 

Елизабета Митреска