По предлогот на Заев, 62 пратеници изгласаа доверба на Владата- опозицијата бојкотираше
По предлогот на премиерот, со 62 гласови „за“, Собранието ѝ изгласа доверба на Владата. Опозицијата бојкотираше, немаше воздржани и против. Време е да расчистиме околу собраниското мнозинство, рече Заев во експозето пред гласањето. Со постапката за доверба на владата, јавноста остана покуса за тридневната дебата, критикуваше Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ...

Со 62 гласа „за“ и без присуство на опозицијата мина гласањето за доверба на Владата. Пратениците ја изгласаа откако премиерот Зоран Заев тоа усно го побара на седницата на Законодавниот дом. Во експозето пред гласањето рече дека е време да се расчистат работите за функционирањето на мнозинството во Собранието.
Опозициската ВМРО- ДПМНЕ критикуваше за тоа што премиерот усно го поставил прашањето за доверба на Владата за да се гласа во рамките на истата седница.
Според нив, наместо на истата седница, гласањето треба да се одвива по тродневна дебата согласно законот, на која тие би укажале на неработењето на Владата.
Претходно, согласно со законот собранискиот спикер Џафери го извести претседателот Пендаровски за предлогот на премиерот да се гласа за доверба на извршната власт.
Марија Котовска
