Мицкоски: Заев на сила протурка гласање за доверба на Владата

04.03.2021 09:42

Тоа е доказ за неговата огромна слабост и дека мнозинството лесно ќе го загуби, порача на социјалните мрежи лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Според него, најдоброто за нашата земја допрва доаѓа...

Заев на сила протурка во Собранието гласање за доверба на Владата. Тоа е доказ за неговата огромна слабост и дека мнозинството лесно ќе го загуби, порача на социјалните мрежи лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Според него, најдоброто за нашата земја допрва доаѓа.

Тој е мафијаш, што е дел од неговиот карактер. Тој ја искористи мојата изолација со коронавирус, но повторно ќе го поставиме прашањето за доверба на Владата, при што сите негови закани и уценувања на пратеници ќе паднат во вода, реагираше лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Мицкоски по гласањето доверба на Владата во Собранието.