Запленета марихуана кај село Радожда, струшко
Пронајдената марихуана била пренесена од Република Албанија и била наменета за продажба во земјава. По расчистување и документирање на случајот, по насоки на Основнот јавно обвинителство Струга ќе биде поднесена кривична пријава...

Како резултат на преземени мерки и активности од страна на Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ во соработка со Одделението за прекуграничен криминал при Регионалниот центар за гранични работи Запад, вчера околу 21 часот на влезот на село Радожда, струшко, на брегот на езерото било спречено криумчарење на марихуана.
Пронајдената марихуана била пренесена од Република Албанија и била наменета за продажба во земјава. По расчистување и документирање на случајот, по насоки на Основнот јавно обвинителство Струга ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсорси“ по член 215 од Кривичниот законик.
