Судењето за „Талир“ одложено за 19-ти март

04.03.2021 11:38

Судот констатира дека заради отсуство на претставник на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ главната расправа се има одложено повеќе пати и затоа го опоменува. Судот го задолжува претставникот да ги надомести трошоците за оваа главна расправа, изјави судијата Османи Шабани.

Судењето за предметот „Талир“, кој се однесува на незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ, се одложува за 19-ти март. На денешното рочиште не беше присутен претставникот на обвинетото правно лице Наум Стоилковски, за кој судот информираше дека е уредно повикан.

Судот констатира дека заради отсуство на претставник на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ главната расправа се има одложено повеќе пати и затоа го опоменува. Судот го задолжува претставникот да ги надомести трошоците за оваа главна расправа, изјави судијата Османи Шабани.

Случајот го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е обвинителката Ленче Ристевска.

Првото рочиште за случајот „Талир“ се одржа на 18-ти февруари 2019-та година. Во случајот обвинети се Никола Груевски, на кого му се суди во отсуство, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластувања“ и „перење пари“, како и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска обвинети само за делото „перење пари“. Чингаровска призна вина и се спогоди со обвинителството, за што доби условна казна од две години.

За истото дело, како правен субјект со обвинението опфатена е и политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.