Заев верува дека мнозинството ќе издржи целосен мандат

04.03.2021 12:46

Премиерот најави дека ќе работи преку проекти да расте мнозинството, за како што рече, пофунционално работење во законодавиниот дом.

Премиерот Заев верува дека мнозинството ќе издржи целосен мандат. Смета дека поубаво е да е поголемо од 62 пратеника.  Најави дека ќе работи преку проекти да расте мнозинството, за како што рече, пофунционално работење во законодавиниот дом.

„Убаво е мнозинството да е поголемо од 62, ама вака нè држи будни. Верувам дека ќе издржи четири години. Тоа носи и свои придобивки. Ја користам секоја можност да испратам апел, на ниво на проекти, да застанат колку што може повеќе пратеници од 62. Продолжувам да работам, да афирмирам, да замолам и анимирам да се приклучат пратеници. Ако успееме веднаш ќе соопштиме, ако не, 62 е стабилно мнозинство. Тешко беше за време на пандемија, имаме еден болен, еден во самоизолација и немате мнозинство да почнете седница, да носите одлуки“, изјави Заев.

Собранието вчера попладне и изгласа доверба на Владата, откако претходно тоа од пратениците усно го побара премиерот Зоран Заев. Опозицијата не присуствуваше на седницата за време на гласањето, а доверба на Владата и дадоа 62 пратеници.