Мицкоски: Владата е на стаклени нозе

04.03.2021 13:07

Мицкоски не е изнeнаден од вчерашниот потег на премиерот Заев, ниту пак, како што вели, е неспокоен...

Прашањето за доверба на владата ќе го постави опозицијата, кога ќе има 65 пратеници, најавува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски не е изнeнаден од вчерашниот потег на премиерот Заев, ниту пак, како што вели, е неспокоен.

Тврди дека Заев не е сигурен во своето мнозинство, но и дека нема ништо од најавите за негово зголемување. Заев доби само броени денови за Владата, која според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ повторно е на стаклени нозе.