Протест на македонски и грчки транспортери
Утрово грчките транспортери го блокираа граничниот премин Евзони, упатувајќи порака до владата во Атина да ги деблокира транспортните коридори. На протестот се придружиле и претставници на „Макамтранс“ и на здружението „Америт“. До минатата недела камионскиот транспорт беше изземен од задолжитеното тестирање и транспортот на јужната граница се одвиваше без застои...

Километарските колони од товарни возила, заглавени на македонско - грчката граница, утрово ги соедини асоцијациите на транспортери на двете држава на заедничка прес- конференција и протест на преминот Евзони - Богородица. Имено, поради новите мерки кои ги воведоа грчите надлежни органи за превенција од Ковид-19, а се однесуваат и на професионалните возачи на товарни моторни возила. Воведениот лимит за дневен влез на возила, брзи тестови на граница, пријавување со електронски формулар, и работно време од 07 до 19 часот го отежнува патот на транспортерите.
Од грчката асоцијација велат дека е недозволиво застој на стоката, оти најголем процент од увозот и извозот се одвива преку овој граничен премин поради директната поврзаност со Солунското пристаниште. Децидни се дека овие рестрикции ќе се одразат негативно, не само врз транспортот, туку и воопшто на економиите на двете земји.
Дека оваа одлука не ја извршува својата функција, говори податокот дека сега возилата преминуваат на граничниот премин Промахона (Кулата).
Стојне Митева
