Бугарските органи позитивно одговорија на барањето за екстрадиција на Игор Спасов

05.03.2021 15:09

Градскиот суд во Софија на 26-ти февруари годинава донел одлука да дозволи негова итна екстрадиција во земјава...

По барањето на Министерството за правда до бугарските органи за екстрадиција на избеганиот Игор Спасов, градскиот суд во Софија на 26-ти февруари годинава, донел одлука да дозволи негова итна екстрадиција во земјава.

Како што соопшти Министерството за правда барањето за екстрадиција на 10-ти февруари го потпиша министерот Бојан Маричиќ.