Нови 843 случаи со Ковид-19, починати 11 лица

05.03.2021 16:07

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 106.110, бројката на оздравени пациенти е 94.275, на починати е 3.176, а бројот на активни случаи изнесува 8.659.

Во последните 24 часа се направени 3.519 тестирања, а регистрирани се 843 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 360, Прилеп – 66, Неготино – 54, Куманово – 51, Кавадарци – 44, Струмица – 33, Велес – 30, Тетово - 26, Охрид – 25, Гевгелија – 22, Крива Паланка – 20, Гостивар – 18, Кочани – 16,Штип – 12, Богданци – 11, Битола – 9, Крушево – 8, Кичево и Пробиштип – по 6, Струга – 5, Ресен и Демир Капија по – 4, Валандово и Демир Хисар – по 3, Свети Николе,Берово и Кратово – по 2, Македонски Брод – 1.

Регистрирани се 333 оздравени пациенти, а пријавени се вкупно 11 починати лица. Починати се по 5 пациенти од Скопје (77г,73г,63г,63г,39г), по 2 пациенти од Кавадарци (77г,71г) и Неготино (77г,63г) и по 1 пациент од Куманово (75г), и Кочани (72г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 106.110, бројката на оздравени пациенти е 94.275, на починати е 3.176, а бројот на активни случаи изнесува 8.659.

Досега во земјата се направени вкупно 537.024 тестирања на Ковид-19.