Малите партии со предлог измени на Изборниот законик
Додека двете големи се договараат, малите во Собранието со предлог измени во Изборниот законик. Земјава да е една изборна единица со пропорционален модел, без изборен паг и пресметка со Донтов количник. Потенцираат на овој начин ќе се урне монополот на партиите кои владеат 30 години...

Додека двете големи се договараат, малите во Собранието со предлог измени во Изборниот законик. Земјава да е една изборна единица со пропорционален модел, без изборен паг и пресметка со Донтов количник. Потенцираат на овој начин ќе се урне монополот на партиите кои владеат 30 години, ќе се создадат услови за системски промени и развој на демократијата.
Големите СДСМ и ВМРО- ДПМНЕ тврдат дека и тие би поддржале една изборна единица. Преку комисии разговараат за измени во Изборниот законик, а овој пат се со единствен став дека за сите измени потребен е меѓупартиски консензус.
Албанскиот блок мали партии пак со различни мислења. Алијанса и Алтернатива лути зошто албанските партии не се вклучени во разговорите со СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ. Беса пак, останува на ставот за три изборни единици поради како што велат, одсликување на мултиетничиот карактер на државата.
Миле Ристески
