Филипче: Предложивме полициски час започнувајќи од среда
Предложивме воведување на полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро, на територија на цела држава започнувајќи од среда, вели министерот за здравство Венко Филипче. Владата на утрешната седница ќе треба да се произнесе по предлогот на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести...

Предложивме воведување на полициски час од 22 часот навечер до 5 часот изутрина, на територија на целата држава, започнувајќи од среда, вели министерот за здравство Венко Филипче.
Владата на утрешната седница ќе треба да се произнесе по предлогот на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести. Министерот образложи дека предлогот, е поради тоа што, изминативе недели најмногу инфицирани има поради трансмисија на вирусот преку собири, но и непочитување на воведените мерки за носење заштитна опрема, држење дистанца и негрупирање.
„Апелирам на дисциплина која во моментов ни е најпотребна, затоа што тоа единствениот начин да се спречи неконтролирано ширење на Ковид-19“, вели министерот Филипче.
