Семејното насилство станува алармантна појава
За само неколку месеци во СВР Струмица, кој реонски го покрива југоисточниот дел од земјава, се бележи раст на пријави за семејно насилство. Бројката се заокружува на околу 300, но поразителен е бројот на пријави од жртвите кои не оделе до крај да се казни насилникот...
Дел од жртвите на семејно насилство кои изминативе неколку месеци се спротивставија на насилникот, пред објективот на МТВ со силни емоции зборуваа за голготата низ која минувале. За нив 8-ми март, кој ја означува слободата, кренатата глава, и самодовербата беше оној ден кога се спротивставија и одлучија за безбедна иднина. Но, колку од нив се уште молчат , колку страдаат и колку лажни честитки добиваат за денот на женат, зборуваат фрапантните бројки кои доаѓаат од полициските билтени.
За само неколку месеци во СВР Струмица, кој реонски го покрива југоисточниот дел од земајава, бележи раст на пријави за семејно насилство. Бројката се заокружува на околу 300 за само неколку месеци, но поразителен е бројот на пријави од страна на жртвите кои не оделе до крај да се казни насилникот, туку пријавата завршила само како поплака.
Психолозите и социјалните работници го делат мислењето, дека менталитетот ги држи во пранги, срам од јавена осуда е сѐ уште на врвот од причините и молкот од многу жени.
Стојне Митева
