Италија со силна поддршка за почеток на пристапните преговори

08.03.2021 12:53

Отворањето на пристапните преговори ќе донесе повеќекратна корист за земјава, за ЕУ и регинот, се согласиле Ди Мајо и Османи.

Италија дава силна поддршка за почеток на пристапните преговори на земјава со ЕУ, ова е заклучено на средбата на шефовите на дипломатиите на Италија и Северна Македонија, Луиџи Ди Мајо и Бујар Османи во Рим.

Отворањето на пристапните преговори ќе донесе повеќекратна корист за земјава, за ЕУ и регинот, се согласиле Ди Мајо и Османи.

„Ние мора целосно да ја завршиме и нашата подготовка за почеток на преговорите, да ја дооформиме преговарачката структура, да ги зајакнеме капацитетите за преговарање. Исто така, мора да продолжи усогласувањето со европските правила и стандарди во рамките на процесот на стабилизација и асоцијација, да продолжи и имплементацијата на европското законодавство, како и да продолжат сите активности кои се со европски контекст“, нагласи Османи, уверувајќи дека Северна Македонија цврсто останува на определбата за полноправно членство во Европската унија.

Во Ватикан, Османи ќе оствари средба со ватиканскиот секретар за односи со државите, монсињор Пол Ричард Галагер.